Челси ако му врачи отказ на Покетино, ќе си натовари на врат страшен проблем

Челси не може да фати добар ритам во Премиер лигата и нивните натпревари се се поочајни, што сигурно навестува нивно неиграње во Европа со сигурност.

Како и во секој клуб, навивачите и управата главната вина при лоши резултати, ја гледаат во тренерите, но дали е таков случајот сега со Маурисио Покетино?.

„Сините“ забележаа два последователни порази и паднаа на 11. позиција во Премиер лигата, со само 12 бодови повеќе од Евертон, најблискиот тим во зоната за излегување.

Меѓутоа, аргентинскиот стратег мора да остане на клупата на Челси, затоа што ако добие отказ, клубот од Лондон ќе си натовари на врат страшен проблем.

Имено, Челси доколку реши да го отпушти Покетино, ќе мора да му исплати 15 милиони евра обештетување, а тоа е сума која ќе ги доведе во незгодна ситуација околу финансискиот фер плеј.

Евертон сезонава доби казна од 10 бодови од своето конто поради кршење на финансискиот фер плеј, па ако Челси добие иста таква казна, ќе се најдат на само два бода од Евертон, кој е на црвенат алинија.

Евертон заедно со Барнли и Шефилд Јунајтед, се кандидати за напуштање на првенството, така да значи дека Челси тешко ќе го отпушти тренерот оваа сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО