Денвер се врати од негатива од дваесет поени и со звукот на сирената славеше над Лејкерс (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер нагетс поведе со 2-0 во четвртфиналната серија во Западната конференција во плеј-офот против Лос Анџелес лејкерс, откако доцна синоќа во неверојатен натпревар со 101-99 славеше на домашен терен.

Гостите од Лос Анџелес може да жалат што не направија брејк на овој меч, бидејќи во еден момент водеа и со 20 поени, а победа за Нагетс донесе Џамал Мареј кој со звукот на сирената преку Ентони Дејвис погоди за 101-99.

Покрај Мареј кој имаше 20 поени, неверојатна партија имаше и Никола Јокиќ кој заврши со трипл-дабл учинок 27 поени, 20 скока и 10 асистенции. Кај поразените Ентони Дејвис заврши со 32 поени.

Во останатите две серии од синоќешната понуда: Кливленд поведе со 2-0 против Орландо откако славеше со 96-86, а си 2-0 поведе и Њујорк против Филаделфија (104-101).

Се вчитува...