Трилерот „Конклава“ и мјузиклот „Emilia Pérez““ се водечки во номинациите за филмските награди на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (British Academy of Film and Television Arts – BAFTA), кои ќе бидат доделени на 16-ти февруари во Лондон.
„Conclave“ на германскиот режисер Едвард Бергер има 12 номинации, а веднаш зад неа е „Емилија Перез“ на Французинот Жак Аудиар со 11.
Филмот „The Brutalist“, во кој Адриен Броди игра архитект кој го преживеал холокаустот, беше номиниран во девет категории.
Номинациите беа објавени во средата. Добитниците на Бафта често се показател за тоа кој ќе ја добие најпрестижната награда во светот на филмот – Оскар.
Оваа година фаворит е „Emilia Pérez“, филм кој на почетокот на јануари освои четири Златни глобуси.
Оскарите обично се доделуваат две седмици подоцна на церемонија во Лос Анџелес. Но, шумските пожари сè уште беснеат во градот, поради што телевизиското објавување на номинациите досега беше двапати одложувано и ќе се одржи онлајн на 23 јануари.
Одложена е и церемонијата за доделување на наградите од изборот на критичарите, која требаше да се одржи во недела.