Вести Најважни Свет

(ФОТО) Жители на Харков останаа без електричната енергија – Русија ја уништи енергетската инфраструктура

Русија го користи моментот на недостиг на воздушна одбрана на украинските сили, а руските авиони постојано го бомбардираат вториот по големина град во земјата Харков.

Руските напади се насочени кон уништување на енергетска инфраструктура, со цел да ги принуди жители на градот но и оние во неговата рурална околина да го напуштат со цел полесно да може да делува кон своите цели.

Во моментов речиси 200.000 жители се соочуваат со недостиг на струја, додека 50 отсто од регионот страда од прекини во пресрет на засилената воздушна кампања на Москва која започна кон крајот на март годинава.

Олха Безбородова, мајка на четири деца од Рубижне, регионот Харков вели дека поради недостигот на струја не работат ниту пумпите за вода, па домаќинството е ставено во безизлезна ситуација.

Ние не користиме ништо. Не користиме вода бидејќи генераторот не може да издржи енергетска напнатост. Не користиме микробранова печка. Имаме граница во близина. Кога Русите ќе почнат да пукаат, Боже мој, нашата куќа се тресеше. Неодамна имаше бомбашки напад во Варваривка. Страшно. Многу страшно татнеше. Потоа следеа ракети град, една по друга. Ги слушаме, не ги гледаме. Можеме да ги видиме беспилотните летала Шахид како летаат, ги слушаме како зујат, и веднаш се обидуваме да се скриеме, раскажува Олха Безбородова мајка на четири деца.

Додека работници кои работат на уништената енергетската инфраструктура се обидуваат да ги отстранат дефектите и да им овозможат на граѓаните да добијат електрична енергија,

Русија без престан фрла смртоносни воздушни бомби за да избрка жителите и да го направи животот во нивните заедници неиздржлив.

Летаат воздушни бомби, проектили летаат над нас кон Харков, понекогаш се слушаат беспилотни летала Шахид, често свиркаат минофрлачи, артилерија, ракети од ракетни системи, вели петнаесетгодишниотДмитро Жданевич, жител на Липци.

Според аналитичарите ваквиот развој на настаните на терен може да се толкува како подготовка на Москва за летна офанзива и заземање на градот..

Навистина ни требаат дополнителни мерки за засилување на воздушната одбрана на градот Харков и регионот како целина, нашата енергетска индустрија. Јасно разбираме дека непријателот всушност ја користи ваквата ситуација секој ден, вели гувернерот на регионот Харков, Олех Синиехубов.

Борбите на Харков ја одразуваат врската во која Киев се наоѓа во ова поглавје од војната на Украина против руската инвазија.

Додека западните сојузници, меѓу нив САД, со месеци преговараат за да ја испорачаат ветената неопходна помош, Москва трпеливо ја ескалира состојбата со цел да го уништи и прекине украинскиот отпор.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе