Утринските температури денеска ќе бидат од минус 1 до 6 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 7 до 17 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, се наведува во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се очекува да има локални слаби врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури денеска ќе бидат од минус 1 до 6 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 7 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 5 степени наутро, до 16 Целзиусови степени во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во Скопје и утре ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и претежно тивко. Температурата утре ќе се движи од 8 до 18 Целзиусови степени.