Пожар во зграда: Најмалку 10 лица загинаа

од Симе Стоиков

Најмалку десет лица загинаа, а 11 се повредени во пожар што избувна денеска во раните утрински часови во гостинска куќа во градот Порто Алегре на југот на Бразил, соопшти Државната противпожарна служба на Рио Гранде до Сул.

Пожарникарите соопштија дека биле повикани на местото на настанот околу 2 часот по полноќ по локално време и го изгаснале пожарот во рок од два часа, а потрагата по исчезнатите се уште е во тек.

„Вештаците од судска медицина се на лице место и телата се извадени. Зградата е опколена, а форензичарите ја презедоа операцијата“, изјави потполковникот Лусио Јунес да Силва во интервју за CNN Бразил. Тој додаде дека се уште нема информации за можната причина за пожарот, јавува Ројтерс. Објектот немал дозвола да работи како пансион, ниту пак постоел план за гаснење.

Собите биле блиску една до друга, поради што пламенот брзо се проширил, а гостите тешко можеле да избегаат, велат од противпожарната служба.

Слични содржини