Вести Македонија Топ вести

Тренчевска: Сите кои зеле социјална помош, а имале приходи, парите ќе ги вратат назад

Сите оние кои земале социјална помош или социјална пензија, а имале и други приходи или имот парите ќе треба да ги вратат назад. Ова го кажа министерката Тренчевска која тврди дека досега немало криминал во исплата на социјалните примања. Таа појасни дека во период на ковид пандемијата се олесниле условите со кои најранливите граѓани можеле да добијат помош. Па така оние кои имале постаро возило, а ги исполнувале сите услови добиле решение за помош. Неодамна министерот Тошковски изјави дека повеќе од 2.200 корисници земале помош иако имале возило, но Тренчевска ја демантира бројката и вели дека станува збор за двојно помал број граѓани, односно 1.059 лица.

„Се издадени 1.059 решенија за престанок на правото, а исто така ќе бидат направени и спогодби со сите овие лица кои не пријавиле дека во меѓувреме имаат регистрирани патнички возила. Ќе се направат спогодби за враќање на финансиските средства кои ги добиле. Што значи дека нема да биде воопшто оштетен буџетот на државата. Воедно на сите овие лица ќе им се даде забрана за повторно вклучување во системот за социјална заштита“, изјави Јованка Тренчевска, дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика.

Тренчевска додаде и дека по завршување на пандемијата тој услов веќе е прекинат. Социјалната помош за еден корисник месечно изнесува 5.000 денари, па така доколку некој земал пари противзаконски во период од година дена сега ќе треба да врати 60.000 денари.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе