Тенисерка победи на суд и ќе добие девет милиони долари оштета

Поротата на федералниот суд во Флорида додели девет милиони долари оштета во корист на американската тенисерка Кајли Мекензи. Оваа одлука е донесена откако Мекензи го обвини Американскиот тениски сојуз (УСТА) дека не ја заштитиле од тренерот за кој рекла дека сексуално ја злоставувал во еден од центрите за обука додека уште била тинејџерка.

Во обвинението кое Мекензи го поднела во март пред две години стои дека извесен Анибал Аранда кој бил вработен во националното управно тело на овој спорт ја искористил својата положба и добил пристап го ранливите спортистки и им наштетувал.

Мекензи вели дека од УСТА од невнимание не успеале да ја заштитат од сексуалните напади и дека го задржале Аранда како тренер дури и откако сексуално нападнал службеничка.

Поротата во Окружниот суд во САД решила дека Мекензи треба да добие три милиони долари одштета и дополнителни шест милиони долари како казнана штета. Портпаролот на УСТА, Крис Вајдмајер најави дека сојузот ќе вложи жалба на оваа одлука на судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести