ЛОШИ ВЕСТИ ПРЕД СЕЗОНАТА: Поскапуваат авио билетите во светот

55

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair би можела да ги зголеми цените на билетите ова лето за 10 отсто на годишно ниво поради недостаток на авиони, изјави извршниот директор на компанијата, Мајкл О’Лири.

Тој рече дека проблемите со испораките на авионите „Боинг“ и „Ербас“ ќе го ограничат капацитетот за превоз на патници и со тоа ќе се одразат на растот на цените, пренесува „Скај њуз“.

„Нашите просечни авионски билети се зголемија за 17 отсто во летото 2023 година, а тие повторно ќе се зголемат во летото 2024 година“, најави Мајкл О’Лири.

„Рајанер“ во моментов смета дека летово цените на авионите ќе се зголемат меѓу пет и 10 проценти на годишно ниво.

„Може да биде повисоко од тоа, може да биде пониско од тоа, навистина не знаеме“, рече О’Лири.

Рајанер првично прогнозираше дека ќе превезе 205 милиони патници во фискалната година што завршува на крајот на март 2025 година. Очекувањата сега се поскромни поради недостигот на авиони.

Со помалку авиони, можеби ќе треба да ја намалиме таа бројка на 200 милиони патници или дури и под тоа, предупреди Мајкл О’Лири.