Полскиот прв дипломат: Западните војници се веќе во Украина, тоа е „јавна тајна“

Кој се војува во Украина? Околу ова прашање има многу дилеми, расправи и тврдења.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изјави дека западните војници веќе се во Украина, додавајќи дека тоа е јавна тајна.

-Како што рече вашиот канцелар Олаф Шолц, војниците на некои големи земји веќе се во Украина, изјави Шикорски за германската „ДПА“.

На прашањето дали е проблем што германскиот канцелар зборува на оваа тема, полскиот министер одговори дека тоа е „јавна тајна“.

На 26 февруари, Шолц изјави дека Германија нема да испрати крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина, меѓу другото, бидејќи за тоа ќе биде потребно учество на германски војници, што „не доаѓа предвид“.

-Она што го прават Британците и Французите во однос на целната контрола и поддршката за контрола на целта не може да се направи во Германија, рече тогаш Шолц.

Тие зборови опозициските политичари во Германија, но и некои во странство ги толкуваа како негова потврда дека веќе има западни војници во Украина.

Шикорски рече дека Полска нема да испраќа војници во Украина, објаснувајќи го тоа со историјата.

-Украина и Полска беа една земја 400 години. Тоа би им било средство за пропаганда во рацете на Русите. Значи, ние треба да бидеме последни што ќе го направиме тоа, рече полскиот министер.

Од друга страна, Шикорски го поздрави фактот што францускиот претседател Емануел Макрон ја остави отворена опцијата за испраќање војници на бојното поле.

Претходна вестПочина скопјанката која беше турната од трет кат на зграда во Охрид
Следна вестСе срушил борбен авион Ф-16 во Грција, пилотот се спасил