Костадиновска-Стојчевска: Хористите и светло мајсторите имаа плата од околу 21 илјада денари во 2016, сега земаат околу 57 илјади

од Vladimir Zorba

Нето платата на хорист во 2016 година изнесувала 21.236 денари, а во 2024 година таа е покачена на 57.348 илјади денари, додека светло мајстор во 2016 година добивал 20.872 денари плата, која сега е покачена на 56.346 денари, објави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на социјалните мрежи.

Од графиците кои ги сподели министерката може да се види дека и балетски играч првенец, во 2016 година добивал нето плата од 39.778 денари, додека денес таа е покачена на 89.502 денари.

„Платите во културата повисоки за повеќе од 100%, и ќе продолжат континуирано да растат. Владата предводена од СДСМ и Министерството за култура во изминатите години покажаа дека го почитуваат достоинството и го вреднуваат трудот на културните работници со постојано зголемување на платите“ напиша Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека за пет години се исполни ветувањето за подобар и посигурен живот на вработените во културата.

„Вложувањето во човечкиот капитал во културата ни останува врвен приоритет во намерата да создадеме професионален и посветен кадар. Во следниот мандат секоја година платите на културните работници ќе растат за 10%“ вети министерката Костадиновска-Стојчевска.

Слични содржини