Магазин

Дали сте ја слушнале новогодишната “All i want for Christmas is You” отпеана на балкански начин?! (Видео)

Речиси неколку дена сме пред прагот на Новата 2024-та година. Новогодишното лудило и онаа магична и луда еуфорија насекаде е околу нас, сакале ние или не. Но, бидејќи време е за опуштање и малку забава… би ве запрашале дали некогаш сте ја слушнале хитовската “All i want for Christmas is You” во балканска фолк верзија?

Токму сега имате прилика тоа да го слушнете благодарение на познатата девојка со ангелски прекрасен глас Шејла Зониќ (Инстаграм: SHEYLA) која ни доаѓа од Тузла, Босна и Херцеговина и која е поранешен вокал на групата “Divanhana”. Таа исто така е и позната поп, фолк и севдах изведувачка, а истовремено и учесник во најгледаното музичко тв шоу на Балканот “Ѕвездите на Гранд”.

Таа во оваа новогодишна еуфорија за себе и своите следбеници на Инстаграм често знае да се забавува на навистина откачен и позитивно луд начин.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: