Италија и Германија со по пет клуба во Лигата на шампионите

Италија и Германија заработија дополнително место во Лигата на шампионите следната сезона, откако нивните клубови остварија добри резултати во европските натпреварувања оваа сезона, објави во петокот кровното тело на европскиот фудбал УЕФА.

Со проширувањето на Лигата на шампионите на 36 тима следната сезона, УЕФА соопшти дека две од четирите дополнителни места ќе ги пополнат европските асоцијации „со најдобар заеднички ефект на нивните клубови“ во натпреварувањата во организација на УЕФА.

Со завршувањето на полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и европската Конференциска лига оваа недела, УЕФА соопшти дека Италија и Германија гарантирани ќе завршат меѓу првите два коефицинета за клубовите во сезоната 2023/2024.

Како што стојат работите, Борусија Дортмунд е надвор од четирите најдобри во Бундеслигата, но ќе се квалификува на петтото место. Борусија Дортмунд, исто така, ќе игра и во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид и доколку ги победи шпанскиот гигант, сепак би се квалификувала за следната сезона како победник, според УЕФА.

Нивниот германски ривал и шампион во Бундеслигата, Баер Леверкузен, е во финалето на Лига Европа каде ќе се сретне со италијанска Аталанта, која моментално го држи петтото место во Серија А со 60 бодови, исто колку и Рома, додека Лацио заостанува четири бода.