Македонија

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

„Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години пратеник во Собранието, односно кога влегов во Собранието, на 4-ти август 2020 година, бев бремена во петти месеци и она што се соочував до декмври кога ја родив мојата ќерка-моето второ дете, беа опструкции: чекај ајде сега да видиме од владејачкото мнозинство кој ќе се разболи, па ние да видиме дали ќе успеат да донесат еден закон..“ одговара министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прашањето дали скафандерот ја направи позната, во Поткастот „Претрес со Ландов“.

Со бебе од 21 ден дојдов да гласам за ребаланс на буџетот, бидејќи опозицијата не гласаше рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Не ми е криво што го носев скафандерот. Тоа беше последица на тоа што претходно се случуваше во Собранието“ вели Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Следете на јутуб каналот ‘prvatvmk’.

Поставувајте ПРАШАЊА ВО ЖИВО на јутуб каналот:

На почеток