Кошот на сезоната во Евролигата – Во ‘главна улога’ Матијас Лесор (ВИДЕО)

Панатинаикос и Макаби Тел Авив ја одиграа една од најлудите серии во Евролигата, по која на крајот грчкиот тим се избори за место на Фајнлфор турнирот.

Во синоќешниот одлучувачки натпревар во кој на крајот славеше Панатинаикос се случи и една неверојатна ситуација, кога кошаркарот на Макаби, Антониус Кливленд се обиде да забие преку Матијас Лесор.

Не успеа во тоа, топката се одби од обрачот и после неколку секунди лет од голема висина се врати во кошот.

Се вчитува...