Поврзете се со нас

Шпанија

Анри ја брани филозофијата на Реал: Многумина велат дека Сити беше подобар, но…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тјери Анри има посебни симпатии кон тимовите на Пеп Гвардиола поради незаборавното време кое го мина со Шпанецот во Барселона, но сепак Французинот се обидува да остане максимално објективен и по поразите на неговиот поранешен менаџер.

Манчестер Сити вчера доживеа елиминација од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и многумина го занемарија успехот кој го остварија „кралевите“, пред се поради фактот што голем дел од аналитичарите заклучија дека избраниците на Карло Анчелоти минале во наредната фаза со кукавички фудбал.

Анчелоти во својата анализа по мечот нагласи дека овој тим на Сити може да се неутрализира на „Итихад“ само со дефанзивен пристап, а наспроти сите негативни коментари кои одат за поставеноста на „кралевите“, Тјери е еден од ретките кои поделија комплименти за последниот патник во полуфиналето.

– Има еден сегмент во фубалот кој се нарекува одбрана. Може да ја контролирате играта со дефанзивна поставеност. Знам дека има многумина кои велат дека Сити беше подобар тим, но одбраната е дел од играта.

– Реал Мадрид се бранеше многу добро. На крајот понатаму помина подобриот тим, оној кој се бранеше подобро, – изјави Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни