Крофорд: Се обложувам дека Јокиќ и Дончиќ се смеат меѓусебе за тоа како си поигруваат со цела НБА

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се двајца од тројцата кандидати за освојување на наградата за најкорисен играч на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата по доминантна изведба во првиот дел од сезоната.

Српскиот и словенечкиот кошаркар си поигруваат со конкуренцијата па и се тема на разговор за сегашните и поранешните НБА кошаркари. Последен кој говореше за доминацијата на балканците е трикратниот освојувач на наградата за „шестти играч“ на сезоната, Џамал Крофорд кој на подкаст откри што ги разликува од останатите.

„Кај Лука не е посебно тоа темпо, туку тоа што те тера да играш во негов ритам, ја успорува играта. Се кладам дека тој и Јокиќ се смеат кога зборат меѓусебе како ги тераат остнатите играчи да трчаат во круг. Тие ментално се на ниво пред другите. Дончиќ постана професионалец на 15, 16 години, на 20 години веќе е мастер за играта. Не може да направите ништо за да го притиснете. Кога ги има потребните информации може да се прилагоди на се. Паметен е и ги вклучува и соиграчите. Во исто време ве тестира, но и вашата доверба во соиграчите. Игра потполно друга игра“, изјави Крофорд кој се осврна и кон Јокиќ.

„Јокиќ е таков, тој се прави наопачки. Тој не игра против вас, туку против вашиот тренер и тоа го разликува него. Него не го интересира што прават другите играчи, туку гледа што прави тренерот на противникот за да има одговор за тоа. Доминира, а во исто време не сака да поентира. За да го победите Денвер, мора тој да постигне некои 60 поени. Вакв постигнува 30 и 15 скокови и 18 асистенции. Никогаш не знаете од каде можат да дојдат тие. Ќе направи да изгледате глупо. Ќе ве гледа во очи и ќе додаде преку целиот тренер и тоа потоа му отвара простор за други работи. Ви велам, тој прави се наопачки. Никогаш не сум видел некој да доминира како него. Постигнува просек од 30 поени без да сака да поентира“.

Се вчитува...