Гвардиола претпазлив: Ливерпул уште е во трка за титулата

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, смета дека Ливерпул не е надвор од трката за титулата во Премиер лигата и покрај двата порази во последните три натпревари.

„Трката за титулата не е само помеѓу нас и Арсенал. Тоа што му се случи на Ливерпул може да ни се случи и на Арсенал и нам. Остануваат уште многу натпревари за играње. Мора да победиме на секој од овие мечеви“, рече Гвардиола по победата на неговиот тим од 4-0 против Брајтон.

Сити е втор со 76 бода, Граѓаните заостануваат еден бод зад лидерот Арсенал, но имаат и еден натпревар помалку од Топчиите. Ливерпул е трет со 74 бода, а остануваат уште пет кола.

- Оглас -

Најнови вести