Виола, циркуска слоница во САД, ја проби оградата и одеше 10 минути низ улиците градот Бут, во државата Монтана, откако се исплаши од звукот на издувните гасови од автомобилите кои се движеле во близина.

Виола била избањана пред настапот во Светскиот циркус Џордан во вторникот, пред да се прошета низ градот, на големо изненадување на граѓаните на Бут, пренесува „Асошиејтед прес“.

На снимките од безбедносните камери и очевидци се гледа како слонот со голема брзина се движи низ улиците, а потоа се насочува кон паркинг, сето тоа додека ја следи внимателен тренер кој се обидува да ја врати назад. На крајот слоницата повторно се вратила во циркусот, каде настапила истата вечер.