Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: одземена “шкода“ од паркинг, нападнати двајца битолчани на “Караорман“, пронајдена стара граната

На 28.03.2024 во 15.00 часот во СВР  Битола, А.С. (54) од село Слепче, демирхисарско, пријавил дека му било одземено неговото патничко возило „шкода фелиција” со битолски регистарски ознаки, кое што било паркирано на паркинг со наплата во Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за расчистување на случајот.

На 28.03.2024 во 19.30 часот во СВР Битола, Р.Б. (47) и Л.Б.(26), двајцата од Битола, пријавија дека на ул. “Караорман“ во Битола биле физички нападнати од 50 годишник и еден малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.03.2024 во 08.47 часот во СВР Битола, В.К. пријавила дека при извршување работи на нива во село Драгожани, битолско, била пронајдена стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за  артилериска граната од Првата светска војна  со калибар 75мм.