Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола со проштално писмо се прости од аргентинскиот „Флако“: Малкумина ви даваат толку многу во животот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Сезар Луис Меноти е фудбалска институција во Аргентина и неговите остварувања за јужноамериканската земја ќе живеат вечно, без оглед на тоа што легендарниот стручњак вчера почина на 85-годишна возраст.

Аргентинската Федерација со големо разочарување ја соопшти веста за смртта на тренерот кој им ја донесе светската титула на „гаучосите“ во 1978-ма година, но покрај тоа што уживаше огромна почит во својата родна земја, Меноти беше надалеку признат и во Европа.

Голем број врвни стручњаци од сегашноста намерно ја посетуваа Аргентина со цел да научат нешто повеќе од искусниот фудбалски ментор, а еден од нив беше и Пеп Гвардиола која сега со емотивно писмо се прости од Меноти преку аргентинскиот медиум „Оле“.

– Чувствувам голема тага бидејќи си замина некој со кој споделив 30 часа прекрасен фудаблски разговор во моите четири посети на Аргентина. За мене тој беше гениј, тој беше најголем заводник на аргентинскиот фудбал. Моментите кога го слушавте, служеа како лекција за мене и сите останати. Сезар римаше се: беше духовен, беше образован и имаше интелигенција. Своите зборови ги претвораше во поезија и секогаш беше верен на своите убедувања.

– Тој секогаш ми велеше дека не може да се преговара за стилот на игра кој го негувате. Последен пат кога го посетив во Буенос Аирес беше 2018-та година. Имавме една прекрасна, долга и забавна вечер, а вклучени беа сите фудбалски нијанси за кои бевме страствени и двајцата. Само сакав да го слушам. Многу малку се оние кои ви даваат толку многу во животот, а кои никогаш не не напуштаат и откако ќе си заминат, – гласи пораката на Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни