Избор Избори 2024 Македонија ТОП ВЕСТИ

ДИК: 58 пратенички мандати за ВМРО-ДПМНЕ, 19 за ДУИ, 18 за СДСМ, 13 за „Влен“ и по 6 за Левица и ЗНАМ

Скопје/Охрид, 9. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во идниот состав на Собранието на Република Македонија, 120 те пратеници ќе бидат од четири коалиции и две политички партии.

Најголем број на гласови освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 431.251 или 43,23% од гласовите. Коалицијата предводена од СДСМ освои 153.250 гласа или 15,36% од гласовите, коалицијата предводена од ДУИ освои 137.486 гласови или 13,78%, Коалицијата „Вреди“ освои 106.991 гласови или 10,72%, партијата „Левица“ освои 67.338 гласови или 6,75% и движењето „ЗНАМ“ освои 55.539 глас или 5,57% од гласовите на граѓаните кои го остварија своето право на глас.

Во мандати, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ освои 58 мандати, Коалицијата „Европски Фронт“ на ДУИ освои 19, Коалицијата „За Европска иднина“ на СДСМ освои 18, Коалицијата „Влен“ свои 13 и партијата Левица и Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија освоија по 6 пратенички мандати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука