ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања презентирајќи ја програмата 1198 во Штип

На средба и разговори со граѓаните на градскиот пазар во Штип, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ја започнаа кампањата за парламентарните избори. Ја презентираа програмата 1198, преку која нудат решенија на сите лоши политики и одлуки од претходно.

„Платформата 1198 е платформа која содржи 1198 проекти со кои решаваме огромен број на проблеми на граѓаните. Затоа што за нас граѓаните се на прво место. Со фокус на раеалните програми оваа програма е соочена да ги најде решенијата на сите оние лоши политики и одлуки и лоши мерки кои Власта во заминување ги правеше изминатите шест ипол години. Денеска сме на градскиот пазар во Штип, разговараме со нашите граѓаните“ – вели Мицевски.

Во склоп на текот на кампањата, посочија дека на 22 април ќе се одржи голем митинг во Штип, на кој дополнително ќе се презентира програмата.

Кампањата за парламентарните избори ВМРО ДПМНЕ и колацијата за започнаа вчеравечер од Охрид.

Лаура Стојанова М-Нет