• петок, 17 мај 2024

„Соочување“ - изложба на ликовниот уметник Томе Даневски

„Соочување“  - изложба на ликовниот уметник Томе Даневски

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Во Националната галеријата „Мала Станица“ вечер ќе биде отворена самостојната изложба  „Соочување“ на ликовниот уметник Томе Даневски, на која ќе бидат изложени преку 30-тини дела од неговата истоимена едиција. 

- Уметничкиот пристап во оваа едиција е нагласено слоевит, и како таков кај љубителот на ликовната уметност развива нова актуелност и експлозивност во време на промени. Оттука, фокусот е насочен на енергетскиот колорит при дуалното соочување на унверзалната и теолошката енергија, оцртани преку променливоста и судирот на енергиите и појавата на животот, се вели во најавата.

 Изложбата ќе биде отворена до 25 март. дма/вг/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан