Почетна Репортажа Видео Верници сведочат на радоста во Фанар

Верници сведочат на радоста во Фанар

954
0

По еден цвет од секој верник од Р.С. Македонија за вселенскиот патријарх, така заврши денеска литургијата за неговиот именден во која молитвено учествуваа архиепископот Стефан и владиците Петар, Тимотеј, Климент и Партеније. Неколку стотици православни верници дојдоа за да посведочат за овој историски настан. Верниците воскликнуваа од радост и задоволство што конечно заедно со браќата и сестрите од сите православни цркви заедно се молеа пред сечесниот вселенски престол.

Верници имаше од различни држави. Некои туристички, некои случајно, а дел од грчките верници токму поради присуството на архиепископот г.г Стефан.

Петдневната посета на архиепископот Стефан во Вселенската Патријаршија и на делегација на МПЦ е една од централните вести во грчката црковна јавност. Огромен е интересот кај оваа јавност за возобновување на релациите меѓу Охридската Архиепископија и Вселенската Патријаршија, но сепак многумина од нив не сакаат да коментираат во иднина во кој правец ќе се одвиваат работите но велат за нив да се види оваа слика е убав момент.

Во недела се очекува уште поголем број верници бидејќи се празнива роденденот на црквата Духовден но и ќе се случи првото сослужување на поглавар на Охридската Архиепископија и поглавар на Вселенската Патријаршија по речиси повеќе од 200 години.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *