• Sun. May 19th, 2024

Повредени возачи од Струмица и Гевгелија во сообраќајка на Валандовско брдо

ByЃ. K.

Apr 26, 2024

СВР Струмица информира дека синоќа околу 00:25 часот по полноќ на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во болницата во Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

By Ѓ. K.