Флоријан Вирц е еден од клучните играчи на Баер Леверкузен во историската сезона во која тимот за прв пат стана шампион во Бундеслигата и тоа на пет кола до крајот. Иако „фармацевтите“ сакаат да го задржат во своите редови, извршниот директор Фернандо Каро вели дека сепак германскиот репрезентативец има цена.
Клубот ќе размисли да го продаде Вирц ако пристигне понуда од 150 милиони евра. Младиот 20-годишен фудбалер веќе изрази желба да остане во Леверкузен барем уште една сезона, но огромна понуда за негов трансфер може да промени многу работи.
Сезонава во Бундеслигата, Вирц има 29 натпревари и 11 голови.