Литературна вечер во Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје

Во сабота 06 април во просториите на Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје со почеток во 18 часот ќе се одржи литературна вечер на која ќе бидат промовирани три книги од авторката Гордана Каракашевска: книгата со раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот “Разголување“ објавени во 2021 година, кои поради Ковид-пандемијата сè досега не беа промовирани.

Сите 3 книги се дел од Современата македонска книжевност-едиција: Книжевни Меридијани и истите се носители на награди на конкурси распишани од издавачката куќа Дата Песнопој– Битола.

Книгите се објавени под псевдоним на авторката – Ана Каракаш.

Модератор на настанот и промотор на книгите: „Скршен поет и други поеми“, „Сињор Џордано и…“ и „Разголување“ од Гордана Каракашевска ќе биде Елеонора Николовска.

Избор стихови ќе читаат Елизабета Клинчаревска Младеновска, Лепосава Поповска и Тодорка Филиповска.