Sвездата на Манчестер сити и на репрезентацијата на Шпанија нема пораз точно една година

Капитенот на репрезентацијата на Шпанија и ѕвезда на Манчестер сити, Родри, дојде до неверојатно постигнување откако статистичарите извадија податок дека точно една година нема пораз на натпреварите на коишто настапил.

Последниот пораз за Родри беше со репрезентацијата на Шпанија, и тоа на денешен датум, но минатата година, кога Шпанците загубија од Шкотска со 2-0 во квалификациите за Европското првенство.

Во овој период фудбалерот освои Лига на шампиони, Премиер лига, ФА куп, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство. Она што е интересно е тоа дека селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го одмораше на дуелот против Колумбија, а неговата репрезентација загуби, па се врати во составот за дуелот против Бразил на кој постигна два гола.

Многумина ќе речат има пораз од Арсенал во финалето на Комјунити шилд купот на Англија, но тој натпревар официјално е завршен нерешено, без да се сметаат пеналите.

- Оглас -

Најнови вести