Економија 22.02.2024 10:26

Хрватска зависи од увоз на јајца од Полска, Бугарија и Албанија

Хрватска зависи од увоз на јајца од Полска, Бугарија и Албанија

Хрватска секоја година увезува се повеќе јајца, покажуваат новите податоци на Министерството за земјоделство. Така, вкупниот увоз на сите јајца во првите 11 месеци од минатата година изнесувал околу 7530 тони, а извозот само 1550 тони.

Надворешно-трговскиот дефицит е поголем за 21,5 отсто во однос на истиот период лани. Што се однесува до свежите пилешки јајца за конзумација, во првите 11 месеци се увезени околу 6.000 тони, а во целата година пред минатата година, односно во сите 12 месеци увезле 5.600 тони.

Во текот на 2021 година, пак, увозот изнесуваше 4.600 тони. Затоа може комотно да се каже дека само во претходните две години увозот на јајца скокнал за дури една третина во однос на 2021 година.

Лани најмногу јајца, околу 1430 тони, увезовме од Полска, потоа Бугарија (965), Албанија (920) и Германија (820 тони), информира Даница.хр.

()