ПСЖ на дофат на титулата

Фудбалерите на ПСЖ го победија Лориен со 4:1 на гостински терен во 29. коло од француската лига и дојдоа на дофат на титулата.

Претпоследниот Лориен немаше реални шанси против водечкиот тим на лигата од Париз. Усман Дембеле погоди во 19. минута за 10, а Килијан Мбапе го постигна својот 25. гол сезонава во 22. за 20. Мбапе и Дембеле учествуваа во третиот гол на парискиот тим, во 60. минута Мбапе беше асистент. а Дембеле вторпат на мечот стрелец. Мбапе го постигна својот втор погодок на мечот во 90. минута за неговиот 26-ти првенствен гол и 20-та победа на парижаните во сезоната.

ПСЖ сега има 69 бодови, 14 повеќе од второпласираниот Монако, кој сега е изедначен со четвртиот Лил. Доколку Монегаскинците вечерва не го победат Лил, ПСЖ на четири кола до крајот ќе ја потврди новата шампионска титула.