Вести Свет Топ вести

Лицемерен потегот на ФИФА за покренување дисциплинска постапка против репрезентацијата, смета спрскиот министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска го оцени како лицемерен потегот со кој Светската фудбалска организација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија, откако во нејзината соблекувална на натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар, наводно било закачено знамето на која е прикажана територијата на Косово, со порака „Нема предавање“.

Замислете ако Украина каже „Крим е Украина, нема предавање.“ Дали некој би ја казнил и би ја избркал Украина? праша Дачиќ во гостувањето на телевизијата Прва и додаде дека како држава Србија не можеме да реагира, бидејќи е спортска организација.

Тој изјави дека ова само зборува за лицемерието, и праша што е навредливо во пораката „Нема предавање“?

Што е навредливо кога некој вели дека нема предавање? Па што да кажат, дека ќе се предадат? Второ, тие зборуваат за фудбал и „не се предаваат“ се однесува на фудбалските натпревари. Загубивме од Бразил и се очекуваше да загубиме, но сега имаме решавачки натпревари со Камерун и Швајцарија, изјави Дачиќ.

Тој потсети дека „ОН не го признале Косово, и да Србија е меѓународно призната земја и членка на ОН, со Косово и Метохија како нејзин дел“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Судот во Њујорк поништи една од пресудите за силување

Дејан Дејан

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе