Алкалоид убедливо го совлада Вардар Неготино

Алкалоид со убедливи 40-16 славеше над Вардар Неготино во 13. коло во ракометната Супер-лига. Со тоа избраниците на Кирил Лазаров дојдоа до 11. победа во првенството, додека Вардар Неготино го запиша и 12. пораз.

Победникот беше познат уште во првиот дел, кога Алкалоид водеше со 18-9. Во ниту еден момент не беше доведен победникот во прашање, а во вториот дел уште поубедлив беше тимот на Алкалоид.

Мартин Сефатимов со седум и Дарко Кофиловски со шест гола беа најефикасни кај победничкиот тим. Кај поразениот тим Кузманот посгина пет.

Претходна вестПретрес во Скопје, пронајдени револвер и муниција, приведено едно лице
Следна вестГрад Скопје додели 10 електромоторни додатоци за инвалидски колички