ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 260,865 гласови, СДСМ 96,777 гласови од 69% обработени гласови
Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 260,865 (41,06%), а коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 89,537 (14,09%) гласови односно 68,42% од досега обработените гласачки ливчиња, објавија од Државната изборна комисија на нивната веб страна.
Европски фронт на ДУИ има освоено 99.853 (15,72%), а коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 80,640 (12,69%), Лeвица има 46.044 (6,77%) Движењето ЗНАМ – За наша Македонија 34.640. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.
Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.