28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНанороботи помали од болва се иднината на модерната медицина (ВИДЕО)

Нанороботи помали од болва се иднината на модерната медицина (ВИДЕО)

Со години се зборува за развој на нанороботи и нивна примена во лекувањето на малигни заболувања, покрај многу други потенцијални примени. Претходно се зборуваше за роботи за прочистување на микропластика, а во овој момент се појавија мини-роботи кои наликуваат на ракови и претставуваат посериозен чекор напред во технологијата на нанороботи. Детали за овие интересни уреди пренесува „Ubergizmo“.

За какви роботи станува збор

Истражувачите од Универзитетот Нортвестерн работат на развој на роботи со големина помала од еден милиметар. Главната разлика помеѓу овие и другите мали роботи е тоа што тие имаат способност да „шетаат“ без потреба од комплицирани хидраулични системи. Имено, производството на вакви хидраулични системи би било невозможно со моментално достапната технологија.

Овој робот има 8 нозе и две раце. Со помош на осумте нозе може да се движи настрана благодарение на специјалните материјали од кои е направен. Концептот на оваа технологија за движење се заснова на способноста на материјалот да ја памети неговата оригинална форма.

Како точно функционира ова?

Најпрво новите делови на овој робот се загреваат со ласер, по што нивната форма се менува и роботот стартува. После тоа, кога материјалот ќе се олади, нозете се враќаат во првобитната положба. Со повторување на овој процес на загревање и ладење на материјалот се создава движење.

Така, ласерите го контролираат движењето на роботот, а ласерите ги контролираат луѓето. Во зависност од материјалот од кој се направени овие роботи, некои од нив можат и да скокаат.

Иднината на нанороботите

Главната цел на нанороботите е да ги користат во средини како човечкото тело, со цел извршување на хируршки задачи на целосно неинвазивен начин. Ова може да означи револуција во работењето на малигните заболувања и реконструкцијата на кожата и другите ткива.

Секако, тоа би ја отворило и пандорината кутија на злоупотреба на овој вид технологија, но сакаме да размислуваме позитивно и да ги гледаме работите од малку пооптимистичка перспектива, барем засега. Сè уште не е познато кога ваквите роботи ќе можат да се користат за продолжување на животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП