ЗНМ преваранти и неспособни

ЗНМ се преваранти и се неспособни за регулација на медиуми, затоа што им се појавија 249 интернет медиуми за престојните претседателски и парламенатарни избори, и не да мрдаат со малиот прст да создадат образец или правилник кој се’ има право и може да биде медиум. Ја користеа својата анархо-либерталистичка неписмена филозофија дека интернет медиумите може да се контролираат со саморегулација и тоа било демократија. Не другари: ЛАЖЕТЕ! УШТЕ ЕДНАШ. ЛАЖЕТЕ!

Сакате да се преставите другари од ЗНМ како главен двигател во реформите во медиумите. Како ќе реформирате кога основните правила незнаете како функционираат. Претседателот на ЗНМ е вработен во медиум. А, зошто не ја замрзне функцијата и да биде релевантен играч и реформатор. Вака е уценувач! А, што ако регулаторното тело даде казна кон неговиот медиум  и да кажеме Канал 5 и НетПрес? Ќе ја поздрави казната кон неговиот медиум или дрва и камења и закани кон државата.

А, зошто ЗНМ не ги отфрли како неточни озборувањата дека од соодветна медиумска организација се исчезнати сите пари, па плус и позајмицата од Кржаловски? Станува збор за негов коалиционен медиумски партнер што цели кон саморегулатор.

Драги читатели саморегулација е како да имате разбојници кои протестираат против полицијата и нивните здруженија се профи разбојнички еснафски настроени, а ние нормалните што бараме регулација на разбојништвото и криминалот од полицијата и правосудните органи сме со недостаток на демократија и сме против Европа.

За да можеш да ја разбереш демократијата прво мора да научиш неколку животни филозофии:

  • Пред да умреш-живеј
  • Почитувај за да те почитуваат
  • Пред да напишеш-размисли
  • Пред да побегнеш-пробај да успееш

Во контекст на претседателските избори

Со огромна жал после 28 години изборни кампањи морам да заклучам дека ние нормалните повторно ќе бидеме цел на личности кои ќе се преправаат дека се многу загрижени за нашите кандидати (Дами и Џентламени) и ќе ги употребуваат изразите од типот: „Со нервоза е“, „Спие, многу умор се наваса“, „Глеј си животот“, „Не се секирај ти“ итн. Однапред овие човечки гнаси сите пцовки што ги чуле се малку зошто не ги дочуле нашите до крај.

Сепак нашите кандидати мораме да ги прашаме отворено и за тоа да дадат јасен одговор: Дали сте спремни во соработка со најмоќните стопански комори во Македонија да се инсталира жежок телефон со следнава намена –  Пријави рекет од новинар/и!

Тие први што ќе изреагираат дека сум радикален ги ставам во следниов ранг. Тоа се личности кои го направија новинарството пропагандистички џган кое долго време нема да може да заздрави поради нивниот еснафски саможивнички концепт кој го промовира ЗНМ и се’ се сведува на начин како во овие случаи:

  • Додека фрлаат дрва и камења и ми го толкуваат уставот за мојата реакција на гостувањето на Билал Касами во 360 степени да говори на албански јазик на МТВ прва програма, а станува збор за аудио и аудио-визуелен проект. Таквиот однос зошто тогаш не се користи и со Душан Томшиќ (националност Хрват) член на антидискриминаторската комисија и Перо Цаца (националност Влав) автор на 70 песни, личности кои се велелепни граѓани кои го почитуваат беспрекорно Уставот на Македонија;
  • Можат ли да кажат кој им измисли на Васко Попетрески и Ацо Кабранов (неговата сопруга Белинда и’ е прва братучетка на мојата мајка, а син им Марко сељачиштата новинарски и после неговата погибија мислеа и дејствуваа со девиза: Нема да правиме херој од него) дека станале уредници на (К)Анал 5. Виктор се памти;
  • Си гледаа Сеир додека Сашо Дамовски го сатанизираа дека бил сарадник на службите само зошто исто како и многумина други се сретнал со неписмени инспектори;
  • Бранко Геровски го нарекоа „Црна вдовица“ во новинарството;
  • Горан Момировски и Драган Милосавњавиќ добиле заедно со мене 100.000 евра од Сеад Кочан само зошто први кога сите молчеа ја објавивме кражбата која и денес врви во РЕК Битола;
  • Истиве двајца подоцна добија преки суд со наредба од управителот на ТВ Алфа дека сум ги поткупил да зборат за рудници, јас добив забрана од управителот за настап на било која дебата на телевизијата, а Христијан Мицкоски најави Министерство за Енергетика и рударство. Значи сега забраната важи и за Христијан Мицковски?

Нешто лично за Младен Чадиковски

Лично те нареков „Тутунски Бос“, а со тој потег те спасив од понатамошен прогон заради твојата непромисленост да соработуваш за пропагирање на најзабранетиот прозвод по сите закони и да не се најдеш во ситуација да трепериш пред судски инстанци и да те оговараат дека ќе дојдеш во ситуација на „топол оброк три пати на ден“. Зошто не си кримос.

А, ако сакаш да се занимаваш со регулација на медиуми мора многу да учиш и тоа во делот на медиумска концентрација, поврзани лица и најважното нелегално рекламирање на странски медиумски платформи: ТВ канали или пак онлајн медиуми.

И за крај запамти ги следниве зборови:

Успехот никогаш не е конечен,

Поразот не е фатален,

Ама Борбата за медиумите е вечна.

Да живее Македонија!

Некорумпиран колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес