Убиен новинар: Истражувал случаи на корупција, па ликвидиран пред десет сведоци

од Симе Стоиков

Колумбискиот новинар Хаиме Васкез (54), кој главно истражувал случаи на корупција, бил убиен во неделата во град во североисточна Колумбија на границата со Венецуела, каде што биле извршени најмалку девет убиства кон крајот на минатата недела, соопштија полициски извори.

Васкез беше новинар, адвокат и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, рече колумбискиот претседател Густаво Петро на платформата Х.

Тој наредил „темелна истрага“ за апсење на сторителите. Доказите и видеата од надзорните камери објавени од колумбиските медиуми потврдуваат дека Хамес Васкез бил убиен во продавница во Кукута, пред најмалку десет сведоци.

Колумбиското обвинителство на платформата Х објави дека извршителот на убиството, откако неколкупати пукал во новинарот и активистот, „побегнал со мотор“.

Членовите на семејството на убиениот новинар потврдија дека неговата сметка на платформата Вацап била користена по злосторството.

Џонатан Мохика, пријател на убиениот новинар, во изјава за локалните медиуми рече дека Васкез дека бил посветен на истражување и истакнување во јавната дебата за прашања „за кои многумина претпочитаат да не зборуваат“.

„Постојано добиваше закани поради неговите наоди“, рече Мохика. Васкез објави емисии на Фејсбук во кои ја разоткри незаконитоста на јавните договори и злоупотребата на овластувањата од страна на локалните власти.

Колумбиската фондација за слобода на печатот (ФЛИП) го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.

Според податоците на ФЛИП, 163 новинари објавиле дека добиле закани во 2023 година.

Слични содржини