Голема е веројатноста дека Литванија ја очекуваат бројни откажувања за настап на престојниот Евробаскет кој оваа година ќе се одржи во Летонија, Полска, Финска и Кипар и тоа поради скандал предизвикан од страна на помошен тренер.
Имено, Томас Печасас кој е дел од стручниот штаб на селекторот Римас Куртинаитис при гостување на спортски интернет канал изнесе ставови дека кошаркарите кои настапуваат во НБА лигата доаѓаат на репрезентативен собир со поголема килажа, дека им треба повеќе време за рехабилитација поради лов, а и дека конзумираат цигари.
Со оглед на тоа што Литванија има само три кошаркари во НБА лигата медиумите брзо дојдоа до заклучок дека станува збор за капитенот Јонас Валанциунас.
Во ситуација кога првата ѕвезда на тимот, Домантас Сабонис најви откажување на репрезентативниот повик поради лични причини, се огласи и Матас Бузелис, растечката ѕвезда на Чикаго Булс кој најави дека ќе го прошути Евробаскетот.
„Сигурен сум дека ќе играм за репрезентацијата на Ливтанија, но не знам кога. Не сум сигурен дека ќе дојдам ова лето. Имаме проблем со тренерите. Морам да разговарам со Јонас и Домантас, да ја слушнам нивната одлука“, изјави Бузелис кој е близок пријател на Валанчиунас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА