Повеќе од 100 затвореници избегаа кога дождот оштети затвор во Нигерија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќе од 100 затвореници избегаа во Нигерија откако силен дожд оштети стара затворска зграда, соопштија властите.

Би-би-си јавува дека 10 од 118-те избегани од затворот Сулеја во близина на Абуџа, главниот град на Нигерија, набрзо биле фатени.

Надлежните изјавија дека зградата на затворот датира од ерата на британското колонијално владеење (1861-1960) и дека оттогаш речиси и не е реновирана, па затоа е дотраена.

Пред две години, повеќе од 400 затвореници избегаа за време на исламистички напад врз затвор во Абуџа. Тогаш беа убиени четворица затвореници, чувар и неколку напаѓачи.

Од 2020 година, се проценува дека повеќе од 5.000 затвореници избегале од преполните затвори низ Нигерија.