Педро Санчез најави дека ќе остане на функцијата премиер на Шпанија


Премиерот на Шпанија Педро Санчез најави дека нема да поднесе оставка и ќе остане на премиерската функција.

Одлуката доаѓа откако минатата недела тој ненадејно објави дека размислува да поднесе оставка откако судот во Мадрид соопшти дека отворил истрага за сопругата на Санчез, Бегона Гомез.

Истрагата уследи по жалбата на групата за притисок Манос Лимпијас, за која е познато дека имала врски со шпанската екстремна десница во минатото.

Се вели дека Гомез се занимавала со трговија со влијанија во нејзините зделки со приватни компании.

„Решив да продолжам со повеќе сила“, рече Санчез во денешното обраќање во кое ги осуди нападите врз неговото семејство.

Санчез ги нарече обвиненијата со кои се соочи неговата сопруга како кулминација на долгогодишната десничарска кампања за малтретирање.