еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лотарија на Македонија со добивка во првите три месеци

Лотарија на Македонија АД Скопје во првите три месеци од годинава оствари добивка од 1.151 илјади денари, покажува неревидираниот Биланс на успех, објавен преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи на Друштвото за овој период изнесуваат 6.762 илјади денари и истите се намалени споредено со истиот период лани.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,21%, имаат оперативните приходи, кои за овој период бележат намалување во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои се 1,79% од вкупните приходи, има зголемување во однос на истиот период лани.

Намалување во однос на истиот период лани бележат и вкупните расходи, кои за овој период изнесуваат 5.449 илјади денари. Оперативните расходи се намалени во однос на минатата година.

Остварените консолидирани вкупни приходи за овој период изнесуваат 6.899 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период лани бележат намалување.

Во структурата на вкупните приходи најголемo учество од 98,25% имаат оперативните приходи кои бележат намалување во однос на минатата година. Финансиските приходи изнесуваат 121 илјада денари и учествуваат со 1,75% во однос на вкупните приходи и бележат зголемување во однос на лани.

Консолидираните расходи за овој период изнесуваат 5.768 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период минатата година.

Консолидираните оперативни расходи во овој периодот изнесуваат 5.768 илјади денари и бележат намалување во однос на лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава плата лани имал директорот на Лотарија на Македонија

Лотарија на Македонија лани со добивка и намалени приходи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 302 случаи на Ковид-19 од 2.024 тестирања, во Скопје 165

Редакција

Проф. Трајковски: Неделава најверојатно ќе имаме почеток на есенскиот бран

Редакција

Јелена Карлеуша ја засени Северна Македонија

Редакција