Спласна „црно-белата“ еуфорија во Србија: „Моторот“ на тимот заминува од Партизан?

Жељко Обрадовиќ на големо задоволство на навивачите на Партизан ја продолжи соработката со белградскиот гигант на уште две сезони по што започнаа и гласините за изгледот на тимот престојната сезона.

Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ најави големи засилувања престојното лето. Еден од кошаркарите кој е пред камбек во „црно-белиот“ дрес е Вања Маринковиќ, репрезентативецот на Србија кој во 2019 година замина токму од Партизан во шпанската Валенсија, а од 2021 година е дел од Басконија.

Сепак враќањето на репрезентативецот може да остане во сенка на заминувањето на друг. Станува збор за Алекса Аврамовиќ кој според европските медиуми размислува за напуштање на клубот. Плејмејкерот е еден од најзначајните играчи во тимот на Обрадовиќ. Оваа сезона во Евролигата забележа просек од 10.2 поени, 1.8 асистенци и 1.8 скок по натпревар, но со неговата енергија има огромно влијание во играта на својот тим на двата дела од теренот.

Се вчитува...