Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ в недела организира тура од ресторанот „Мечкина дупка“ до Шешевскиот манастир и прошетка во пештерата Врело.

– В недела ќе се движиме од „Мечкина дупка“ до Шишевскиот манастир и надолу, до езерото Матка, од каде што со чамец ќе се оди до пештерата Врело и ќе се посети нејзината внатрешност – соопштија од здружението.

Оттаму додаваат дека движењето по патеката ќе биде според темпото на најбавниот учесник на турата и дека ќе се прават повеќе кратки паузи.

Турата ќе биде 10 километри во целост, со висинска разлика од 300 метри и е лесна.

Почетокот ќе биде во 7:30 часот, од пред ресторанот „Мечкина дупка“, а дотаму може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со бројот „60“, кој тргнува од Транспортниот центар, во 7:00 часот.

Од опрема, потребни се: разгазени гојзерици или повисоки патики, облека според временските услови, мантил за заштита од дожд, стапчиња за помош при движење по патеката, вода и храна според потребите.