еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Самит на Македонија2025 на 15 и 16 мај: Фокус на иницирање промени и иновации во Југоисточна Европа

Со фокус на развој и просперитет, на 15 и 16. мај ќе се одржи 13. издание на Самитот на Македонија2025, во хотелот Мериот во Скопје. Самитот е една од најдобрите регионални платформи за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората во насока на поттикнување промени во Југоисточна Европа.

Извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсовска Блажевски, денес ја презентираше агендата и говорниците, потенцирајќи дека интересот за присуство на Самитот е големо.

Според досегашните пријави, се очекува присуство на над 400 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на академската заедница, невладини организации, како и млади лидери.

На официјалното отворањето ќе имаат обраќање претседателот на Одборот на директори, Мајкл Чкламовски и Никица М. Блажевски, како и новоизбраниот претседател на Република Македонија.

Главните теми на Самитот ќе бидат обработени на 12 панел-сесии кои ќе вклучат 48 врвни говорници од Македонија и светот. Темите вклучуваат регионален развој и просперитет, стратешко лидерство во време на промени и иновации, раководење и раст на семејни бизниси, примена на вештачка интелигенција, дигитална трансформација на бизнисите, итн..

Дополнително, ќе се обработат и теми поврзани со глобални стратегии за странски инвестиции, демократија и слобода на говор во дигиталното време, како и корупцијата како инхибитор на просперитетот.

Во рамки на Самитот, Македонија2025 ќе организира и пет предавања и работилници на високообразовните институции и пет работилници со компании и институции на кои ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025, како и средби со политичките лидери.

Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 17. мај, со работилница организирана во соработка со Стопанската Комора на Македонија.

Повеќе информации за Самитот на официјалната веб-страница: macedonia2025.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Редици пред продавниците за оружје во САД, се стравува од немири

Редакција

Мицкоски: Сакаме избори летово кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните

Редакција

54 доктори и медицински сестри од целата земја дојдоа да помогнат во Клиниката за инфективни болести и „8 Септември“

Редакција