Демократски Сојуз: Владината коалиција ја напуштивме уште пред повеќе од една година

Демократски Сојуз: Владината коалиција ја напуштивме уште пред повеќе од една година


Deprecated: Implicit conversion from float 1714328603.476511 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

По критиките во јавноста дека го напуштаат бродот кој тоне и фаќаат привезок со ВМРО ДПМНЕ само за да останат дел од власта, Демократскиот Сојуз реагира тврдејќи дека партијата ја напуштила владината коалиција уште пред повеќе од една година.

Како причини за напуштањето на владата ги наведуваат неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред се блокадата на измените на изборниот законик со кој македонија требаше да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз.

Како услов за влез во новата влада партијата бара темелни уставни реформи со донесување на нов устав (без бадентер и балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање агенција за борба против тешките облици на криминал, намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127