Утрински Весник
Македонија

Пожар во Долнени, на терен еден противпожарен авион

Пожар во Долнени, на терен еден противпожарен авион
Img 5587

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека рано утрово во атарот на с. Гострижни во општина Долнени избувна пожар, при што гори висока сува трева, нискостеблеста деградирана шума и појас со висока дабова и габерова шума.

dobivaj vesti na viber

На терен се противпожарни екипи од ЈП „Национални шуми“ и ТППЕ Прилеп, а и дел од противпожарните сили, кој е префрлен од претходната интервенција во истата општина – од пожарот кај с. Слепче.

Img 5587

Како воздушна поддршка на силите што дејствуваат од земја е пратен едно летало – противпожарен авион од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) – за да помогне за прекин на ширење на пожарот во шумскиот дел.

Ss1

Можете да прочитате

Април ќе го испратиме со стабилно, суво, сончево и пролетно топло време

Уапсени и осудени двајца државјани на Северна Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата