Украинка сакала да го продаде синот, му одредила и цена: Кога ја апселе дала незамисливо објаснување/ВИДЕО

296
Принтскрин/Поліція Дніпропетровської області

Во украинскиот град Днепар, 19-годишна жена се обидела да го продаде својот двегодишен син, соопшти украинската полиција.

Мајката наводно побарала милион гривни за своето дете, што е околу 23.500 евра.

Таа наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него.

Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.

Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за синот и затоа решила да го продаде.

Со парите што ќе ги добиела планирала да започне приватен бизнис.

Дит бил преземен од полицијата и предаден на властите.

Неговата мајка беше обвинета за трговија со луѓе.