Поврзете се со нас

Англија

Двајца премиерлигашки фудбалери уапсени за силување

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/premierleague

Англиските медиуми вечерва објавија ексклузива според која двајца премиерлигашки фудбалери биле уапсени поради обвинение за силување.

Неименуваните играчи имаат по 19 години и биле уапсени изминатиот викенд, додека имале активности со своите клубови.

Фудбалерите биле сослушани за сериозно обвинение и биле ослободени со кауција, при што дополнително обвинителството ќе формира случај по кој ќе треба да се појават пред судот.

Полицијата извршила едно од овие две апсиња од стадионот на клубот за кој настапува обвинетиот, но барем засега медиумите се дискретни и избегнуваат било какви шпекулации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни