Историско финале и за Тиквеш: Пенал-рулетот за елиминација на Шкупи (ВИДЕО)

Историско финале ќе има во Купот на Македонија оваа сезона. Тиквеш и Воска Спорт за првпат во својата историја ќе играат во финалето на најмасовното домашно клупско натпреварување. Откако Воска Спорт ја елиминираше Македонија ЃП, во второто полуфинале Тиквеш го елиминираше Шкупи по пенал-рулетот.

Откако двата натпревари завршија без голови, денеска во Кавадарци по пеналите Тиквеш дојде до победа од 5-3 за место во финалето на Купот.

Ренер уште во првата серија го одбрани пеналот на Дарко Илиески за Шкупи, а потоа во пет серии за кавадарчани погодија Силва, Стојкоски, Карчески, Нето, и на крајот во петтата серија Спиркоски за конечна победа на Тиквеш.

Во регуларниот дел, денешниот натпревар во Кавадарци заврши без многу возбудувања на двете страни, без голови. Сето тоа само како дополнение на претходните три дуели меѓу двете екипи сезонава кои исто така завршија без ниту еден постигнат гол.


КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 2-1 (0-2)
Фазли 25′, Велкоски 65′(п) – Јахији 13′

Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-0 (0-0) – пенали: 5-3
* Во заградите за резултатите од првите натпревари

Се вчитува...