Абрахам ја спаси Рома од пораз во Неапол и ја остави во пол-позиција за ЛШ (Видео)

Во второто дерби на 34-тото коло во Серија А, Наполи и Рома одиграа 2:2 и ги поделија бодовите како и Јувентус и Милан кои играа синоќа.

Со ремито, Рома остана на петтото место на табелата кое води во Лигата на шампионите следната сезона со 59 бода, два повеќе од Аталанта, додека Наполи е осми со 50 освоени бодови и му виси настапот во европските купови.

Сите четири гола на стадионот „Диего Марадона“ беа постигнати во второто полувреме, а Рома со гол во последната минута се спаси од пораз.

Римската волчица поведе во 59-тата минута откако Пауло Дибала го реализира ударот од белата точка. Но, Наполи само шест минути подоцна израмни преку Оливеира.

Во финишот, Виктор Осимен во 84-тата минута со гол од пенал му носи водство на Наполи, но тоа не беше се на овој натпревар.

Тами Абрахам во 89-тата минута успеа да ја спаси Рома од пораз и да ја остави во пол-позиција за петтото место на табелата кои носи во ЛШ.

Ремито на Рома го искористи Аталанта да и се приближи на само два бода на четири кола до крајот. Триумфот на Аталанта го обезбедија Марио Пашалиќ во 42-тата минута и Адемола Локман со голот постигнат на стартот од второто полувреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести